Презентиран извештајот за поплавите во Тетовско

Експерти од механизамот за цивилна заштита на Европската унија по 12 дена го завршија истражувањето околу невремето во Тетовско и подготвија извештај, во кој се наведени препораки за дејствување во иднина. Извештајот беше преден на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и општина Тетово.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи соопшти дека во извештајот се дадени препораки за активности што треба да се преземат во иднина.
- Не можеме да ја смениме природата, ниту конфигурацијата на теренот, но можеме да го смениме нашиот менталитет кон природата, во однос на урбанистичките решенија и во однос на логиката дека не може да се живее секаде затоа што природата има свои текови, рече Арифи
Рудолф Де Кром, тим лидерот на европската мисија појасни дека извештајот се состои од наоди и согледувања на организирањето на околината и географските карактеристики, кои експертите ги виделе на терен, врз кои се темелат препораките за избегнување на вакви ситуации во иднина.
- Подрачјата кои беа зафатени од поплавите во големото невреме на 3 август се уште се расчистуваат. Активностите според најавите ќе продолжат во иднина. Станува збор за наноси од 300 до 500 илјади кубни метри. Според нашите анализи за целосно расчистување на теренот ќе бидат потребни од три до пет месеци, изјави Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
На извештајот работеа седум експерти од Европската унија од различни области.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка
-

Клековски: Македонците плаќаат повеќе за да си го уништат здравјето отколку за да го зачуваат, 600 евра за цигари - 500 за здравствено осигурување
-

Австралиски и германски научници првпат открија планини под Антарктикот
-

Сослушани само двајца од седум повикани сведоци за „Пулс“
-

Јаневска: Формиравме работна група за новиот модел на субвенциониран студентски оброк
-

Млади лица со фантомки и дрвени палки забележани во центарот на Куманово
-

Кривична против тетовчанка за пуштање во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра
-

Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство
