Презентација на вториот извештај од следењето на Планот 3-6-9
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска ќе го презентира извештајот „Трка на 3,6 и 9 со пречки-Кон чиста препорака? со наодите од набљудувањето на спроведувањето на вторите три месеци од Планот.
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот.
- Наодите на извештајот укажуваат подобрување во формулацијата на активностите, како и приоретизацијата и структурирањето на областите и активностите во вторите три месеци од планот. Сепак, останува забелешката дека, и покрај горенаведените подобрувања, планот, во овој дел, сѐ уште содржи активности кои не претставуваат реформски зафати односно претставуваат ресорни надлежности на институциите. Она што исто така се забележува е отсуство на континуитет во одредени области и активности кои произлегуваат од првите три месеци на планот, наведуваат од Институтот.
Наодите од извештајот, се додава, сугериират дека Владата и Секретаријатот за европски прашања треба да се фокусираат на навремено информирање на јавноста за статусот на реализација на преостанатите активности во планот и суштинско вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање и спроведување на реформите.
Следењето на реформите е дел од проектот “Перформ он Реформ” кој го спроведува ИДСЦС во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
Ново на Сител
-
Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ
-
Утре посвежо со повремени врнежи од дожд
-
Гордана Сиљановска-Давкова прва жена претседател на Северна Македонија
-
Груевски и честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и испрати порака
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“