Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата
Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата.
Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ).
-Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, возилата и способностите на Армијата, како и со дел од активностите кои секојдневно ги извршуваат припадниците на Армијата во исполнување на својата мисија. Дополнително ќе може да се проследи показна вежба (алпинистичка), реализирана од Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, показна вежба со службени кучиња, во реализација на Командата за обука и доктрини, показна вежба – борачки вештини, во реализација на Баталјонот на специјални сили, показна вежба – егзерцир, во реализација на Баталјонот за почести, приказ на наставни медицински помагала за изведување медицинска обука и демонстрација на укажување прва помош на повреден, во реализација на Военомедицинскиот центар, се наведува во најавата за настанот.
Презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата ќе ја посети претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На настанот ќе настапи и Воениот оркестар на Армијата, а ќе се претстави и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје за граѓаните да се информираат за можностите што ги нуди оваа високообразовна институција.
МИА
Ново на Сител
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
