Презентација на резултатите од Седмиот работен состанок за социјална интеграција на Ромите

Учесниците на Седмиот работен состанок за социјална интеграција на Ромите во Македонија, по вчерашната работа, денеска ќе ги презентираат резултатите од работилницата.
По презентацијата ќе следи усвојување на заклучоците од овој Работен состанок. Предвидено е обраќање на премиерот Зоран Заев.
Работниот состанок е во организација на кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимовски, министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Одржувањето на ваквиот работен состанок претставува продолжување на состаноците иницирани од страна на Генералниот директорат за проширување при Европската комисија, како дел од низата одржани состаноци од ваков тип во регионот.
Учесници на овој Работен состанок се претставници на релевантните институции, невладините организации, донаторската заедница како претставници од Директоратот за проширување.
Семинарите за Роми кои во Република Македонија се спроведуваат од 2011 имаат цел да се следи степенот на нивната интеграција во општеството како ранлива група граѓани.
Ново на Сител
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
-

Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
