Презентација на извештај за лица без државјанство

Нов извештај за малцинства без државјанство во моментов или во минатото „Ова е нашиот дом: Малцинствата без државјанство и нивната потрага по државјанство“ ќе биде промовиран денеска во Скопје во рамки на третата годишнина на кампањата на УНХЦР за ставање крај на бездржавјанството #IBelong.
По промоцијата на Извештајот ќе бидат проектирани и два куси видео клипа кои ја претставуваат приказната на недокументираните лица во земјава.
На презентацијата, како што најавија од УНХЦР, треба да присуствуваат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставникот на УНХЦР Скопје Даг Сигурдсон кои ќе се обратат пред присутните.
УНХЦР ја започна својата кампања #IBelong за ставање крај на бездржавјанството во ноември 2014 година. Бездржавјанството е проблем создаден од човекот и е релативно лесно да се реши и спречи. Со потребната политичка волја и јавна поддршка, милиони луѓе насекаде низ светот би можеле да добијат државјанство и да ги заштитат своите деца да не се родат без државјанство.
Кампањата #IBelong, посочуваат од УНХЦР, ја придружува и Глобален акциски план, кој одредува конкретни чекори за државите да помогнат да се реши проблемот. Со добивањето државјанство, милиони луѓе без државјанство насекаде низ светот би можеле да добијат целосен пристап до своите човекови права и да чувствуваат дека припаѓаат во нивните заедници.
Ново на Сител
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
