Македонија
25. October 2023 - 8:32

Превентивни активности на МВР: „Кажи не на дрогата, да на животот“, „Вози одговорно, стави појас“.

Превентивни активности се реализирани вчера на подрачјата на секторите за внатрешни работи Штип и Битола.

-Во Штип полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за недозволена трговија со дрога и од Полициската станица од општа надлежност  при СВР Штип во општинскoтo средно текстилно училиштe „Димитар Мирасчиев“ спроведоа превентивно едукативно предавање „Кажи не на дрогата, да на животот“, додека пак полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа едукативна работилница со ученици од ОСУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе, посветено на темата ,,Трговија со луѓе и илегална миграција“. Покрај ова, на подрачјето на ОВР Делчево полициски службеници од оваа организациска единица при СВР Штип спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На подрачјето, пак, на СВР Битола, односно во Крушево, како и во околните населени места, полициски службеници при ОВР Крушево реализирале едукативно-превентивна активност „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.