Превентивна акција во Кавадарци за поголема безбедност во сообраќајот
Не возете под дејство на алкохол, возењето и пиењето се најголеми непријатели. Уличните трки со мотори се строго забранети. Нашите улици се реални, ние не сме во видео игра. Ова се само дел од препораките кои општината Кавадарци, полицијата и Локалниот совет за превенција, ги ставија на флаери кои вечерва се делеа на неколку локации во градот.
Целта е превентивно да се делува за да се вози внимателно, заради поголема безбедност во сообраќајот.
Флаери делеа и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој е претседател на Советот, судијата Лазар Нанев, командирот на пожарникарите Александар Чадамов, претседателот на општинскиот Совет Ристо Сакалиев, командирот на полицијата Сашко Димовски и други членови на Советот.
Јанчев појасни дека локалниот совет е формиран пред месец и половина со одлука на општинскиот Совет, по правилник и протокол на Министерството за внатрешни работи. Тој има, нагласи, голема улога во превенцијата.
Нанев рече дека превенцијата е еден од најважните столбови во системот на активности, што се однесуваат на спречување на несоодветното однесување.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата