Претстојната сезона директна авионска линија на релација Истанбул - Охрид
Турската нискобуџетна авиокомпанија „Онур Ер“ за претстојната туристичка сезона ќе воспостави директна авионска линија од Истанбул за Охрид.
Предвидено е авиони на „Онур Ер“ да летаат од Истанбул за Охрид еднаш седмично, почнувајќи од 15 април заклучно со 7 октомври. Првично билетите за летот ќе се продаваат преку турскиот тур-оператор „Татил Будур“, но ќе бидат понудени и на отворена продажба доколку постои интерес на пазарот.
Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомоанијата ги имаше со македонската Влада, како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера.
- Наша интенција е да работиме во насока на развој на авионскиот сообраќај и оттаму ќе ја поддржиме секоја авиокомпанија која сака да воспостави директна авионска линија за Македонија. Аеродромот во Охрид има голем потенцијал и нашите активности се насочени кон привлекување што поголем број патници кон Охрид., особено кога станува збор за нискобуџетни авионски компании, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид минатата 2017 година пристигнале рекордни 159.072 патници, што претставува зголемување за 9,7 отсто споредбено со годината претходно.
Авиокомпанијата „Онур Ер“ оперира со 24 авиони што летаат на речиси 40 дестинации, како низ Турција така и на меѓународни летови. Во Европа „Онур Ер“ моментално има директни авионски линии за Русија, Франција, Германија, Австрија, Холандија и Украина.
Турските гости претставуваат значаен сегмент во вкупниот број гости кои престојувале во Македонија. Минатата година Македонија ја посетиле 129.708 турски туристи што е зголемување за 22,7 проценти споредбено со 2016.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
-

Пратениците ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на Предлог законот за Советот на јавни обвинители
-

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
