Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 1857 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто над половината (55,90 проценти) биле „реални“, а 44,10 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-Кон Полиција биле упатени 69,16 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, а кон пожарникарите 1,73 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 830 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Пожари на отворен простор имало два во последното деноноќие и тие се изгаснати. Регионалниот ЦУК Битола информирал дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 14.30 до 16.00 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Габалавци, а од 08.25 до 08.45 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на гасење запалени отпадоци кај населбата Ушици.
-Регионалниот ЦУК Скопје известува дека денеска од 10 до 15 часот е планирано минирање на каменоломот „Говрлево“ во Општина Сопиште. Од Институтот за трансфузиона медицина денеска се планирани две крводарителни акции: со членови на планинското друштво „Шари“ во Гостивар и со граѓаните во Тетово, наведува ЦУК во соопштението.
Центарот за управување со кризи информира и за прогнозата на УХМР за наредните денови, според која претстои студен бран со врнежи од снег.
-Согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата ако се планираат патувањата, пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, дадени од надлежните институции и служби, апелира ЦУК.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
