Претставници на ЕУ и Турција за миграциската политика

Претставници на Турција и Европската унија ги разгледуваа прашањата на миграциската политика во врска со Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, пренесува ТАСС.
- Разговаравме за ситуацијата во Сирија и проблемот со миграцијата. Актуелната ситуација ни покажува колку е важно заедно да работиме на решение на тие проблеми, рече Чавушоглу. Тој оцени дека миграцијата која не се регулира соодветно се одразува на социјалната, економската и други сфери од животот, поради што може да се реши единствено со заеднички напори.
Чавушоглу дополни дека за темата за сириските бегалци и перспективата на изработување заедничка политика на Турција и ЕУ во однос на миграциските бранови од Сирија ќе се расправа и денеска, при понатамошните контакти на министерско ниво.
Шефот на турската дипломатија потсети дека Брисел и Анкара неодамна постигнаа договор за укинување на визите за турските граѓани при влезот во Шенген зоната, што треба да влезе во сила во втората половина од годината. - Безвизните патувања, за кои се одоговоривме, се важен чекор.Тоа ќе го забрза развојот на нашата соработка во сферата на бизнисот, туризмот и други области, оценува Чавушоглу, пренесува БТА.
- ЕУ и Турција сметаат дека до крајот на месецот ќе почнат мировните преговори во Сирија, изјави во Анкара високиот претставник на ЕУ за недворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Таа уште рече дека е исклучително важно напоредно со почетокот на политичкиот процес да се подобри и хуманитарната ситуација во Сирија.
Ново на Сител
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
