Претставничкиот дом на САД одобри 622 милиони долари за борба против вирусот зика

Долниот дом на Конгресот на САД доцна синоќа усвои нацрт-законот со кој се одделуваат 622,1 милиони долари за контролирање на ширењето на вирусот зика.
Оваа сума е многу помала од 1,9-те милијарди долари, кои ги побара претседателот Барак Обама, а таа е помала и од 1,1-те милијарда долари, предвидени со сличен нацрт-закон усвоен претходно од Сенатот на Конгресот.
Претставничкиот дом ја одобри својата верзија со 241 глас „за“ и 184 „против“, а гласањето во голема мера беше по партиска линија.
Белата куќа го повика претседателот демократ да стави вето на овој закон. И во двата дома на Конгресот на САД доминираат пратеници од редовите на Републиканската партија. Сега тие треба да усвојат усогласена верзија на законот.
Администрацијата на Обама бара околу две милијадри долари за истребување на комарците, преносители на зика и за проиводство на вакцина против вирусот.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
