-->
-->
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои новиот економски пакет од три трилиона долари
-->
Претставничкиот дом на Конгресот на САД ноќеска го одобри новиот пакет мерки во вредност од три трилиона долари за поддршка на економијата.
Околу еден трилион ќе им бидат дадени на државите и локалните власти, се предвидува и создавање на фонд од 200 милијарди долари за вработените во најважните и најоптоварени сектори, вклучувајќи ја и здравствената заштита. Освен тоа, помошта за семејствата ќе биде зголемена до 6.000 долари, а уште 75 милијарди долари ќе бидат потрошени за спроведување на тестови за коронавирусот.
Се предвидува и поголема помош за невработеноста и за покривање на кредитите во образованието.
Предлог законот треба да го мине и сенатскиот филтер, Горниот дом на Конгресот на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
