Претставата „Отровната туника“ вечер на фестивалот „Иван се враќа дома“

Фестивалот „Иван се враќа дома“ на кој гостува московскиот театар „Мастерскаја П. Фоменко” со три претстави од македонскиот режисер Иван Поповски, денеска и утре продолжува со претставата „Отровната туника" од Николај Гумиљов која на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена од 20 часот.
- Во ладниот мермерен спокој на константинополскиот дворец на императорот Јустинијан, каде ѕидовите слушаат, а луѓето негуваат молчење; каде внимателните зборови паѓаат како капки вода, ѕвонко разлетувајќи се под камените сводови, а тишината задушува, буквално со густ темјан, се појавува синот на степата, воинот и поет Имр. Неговите страсни говори ја маѓепсуваат принцезата Зоја. Неговите сеќавања ја обеспокојуваат императорката Теодора... Зачудната егзотика на Гумиљовата пиеса, законитоста и убавината на формата, класицистичката драгоценост на актерските гести и сребреновековната незадржливост на чувствата, се сплеле во претстава за љубовта и љубомората, прекрасни и гибелни, буквално брачна отровна туника, пишува во најавата на МНТ за втората од трите претстави со кои Поповски гостува во Македонија.
На матичната сцена, во театарот „Мастерскаја П. Фоменко” во Москва, „Отровната туника“ премиерно е поставена во 2002 година и за 15 години е одиграна 202 пати со околу 20.000 продадени влезници.
Фестивалот „Иван се враќа дома“ почна викендот со две изведби на претставата „Алиса зад огледалото“ од Луис Керол. Третата и последна претстава во рамки на фестивалот е Шекспировата „Сон на летната ноќ“ која во МНТ ќе биде изведена на 22-ри и 23 септември.
Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
