Претседателски избори во Португалија
Во Португалија денеска се одржуваат избори на кои Португалците треба изберат нов претседател на државата.
Гласачите треба да се определат меѓу десет кандидати за највисоката функција во земјата, што е најмногу во досегашната португалска политичка историја.
Фаворит е десно-центристичкиот политичар и телевизиски аналитичар, Марсело Ребело де Соуса.
Првите резултати од денешното гласање се очекуваат по 19 часот.
Доколку ниту еден од кандидатите не добие поддршка на повеќе од половината гласачи, ќе се организира втор изборен круг, што би се одржал на 14 февруари.
Претседателот на Португалија има главно церемонијална улога во домашната политика, но според Уставот на земјата, тој може да го распушти Парламентот во време на политичак криза.
Де Соуса (67) ја има поддршката на сите десно и десно центристички партии.Неговите симпатизери и поддржувачи, го нарекуваат „професорот Марсело“.
Во политиката де Соуса е уште од младоста и во Портгалија се посочува како еден од основачите на десно-центристичката СДП партија.
Новиот претседател треба да го наследи досегашниот шеф на државата, Анибал Кавако Силва, конзервативен политичар кој на два пати едно по друго, беше избиран на функцијата.
На парламентарните избори во земјата, што се одржаа во октомври, немаше апсолутен победник, па со Португалија управува лабава коалиција од лево-центристички партии.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот