Македонија
21. December 2021 - 8:09

Претседателот на турскиот Парламент Мустафа Шентоп во посета на Македонија

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија.

По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести пред законодавниот дом Шентоп ќе има средба со неговиот домаќин Талат Џафери и ќе се потпише во Книгата на впечатоци.

Предвидено е и обраќање на Шентоп пред пратениците на Собранието, како и средба со претседателот Стево Пендаровски.