Претседателот на Хашкиот трибунал во посета на Белград

Ангажирањето на генералот Владимир Лазаревиќ, кого Хашкиот суд го осуди за воени злосторства, како предавач на Воената академија во Белград, е неприфатливо за меѓународната заедница, изјави денеска претседателот на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, Кармел Аџиус на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Аџиус, кој се наоѓа во посета на Белград во рамките на турнејата во регионот, ја критикуваше Србија и за тоа што двајца членови на Српската радикална партија не му биле предадени на Хаг и покрај барањето на Трибуналот.
Вучиќ, од своја страна изрази загриженост за третманот на српските затвореници кои ја издржуваат казната на Хашкиот суд во странство, како и за здравствената состојба на оние кои очекуваат пресуди во затворот на Трибуналот во Хаг.
Пензионираниот генерал Лазаревиќ, беше осуден на 14-годишна затворска казна од страна на Хашкиот трибунал за командна одговорност за воени злосторства во Косово за време на конфликтот во 1998 и1999 година. Тој беше ослободен во 2015 година.
Одлуката за ангажирањето на Лазаревиќ како предавач на српската Воена академија, исто така ја осуди и Европската унија.
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
