Претседателот на Барселона е разочаран од Гризман
Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу е многу разочаран од презентацијата на рекордната аквизиција на клубот, Антоан Гризман. Каталонците платија 120 милиони евра за да ги обезбедат услугите на Французинот, но засега тој не ги оправдува големите очекувања.
Гризман дојде во надеж дека ќе стане нова голема sвезда на Барса, но неговиот придонес во составот досега беше скромен. Тој има 8 гола на 26 натпревари во Ла Лига оваа сезона.
Дури и тренерот Кике Сетиен има забелешки за играта на Гризман. Тој сака да види повеќе агресија и ароганција од Французинот, а ова мислење го дели Бартомеу.
Иако Гризман сè уште не го покажал најдоброто на „Камп Ноу“, клубот нема намера да се раздели со него во моментов и се надева дека сепак ќе покаже на што е способен.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури