Претседателот Ковачевски со честитка за Божиќ : Да создаваме добри дела и да си помагаме, заедно да градиме поубав свет за сите
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање- Божиќ во свое, и во име на СДСМ упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Д-р Киро Стојанов.
„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови.
Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што славејќи го Христовото раѓање, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и меѓусебното помагање.
Тоа се вредностите кои заеднички градат поубав свет за сите.
Драги сограѓани, драги верници, да продолжиме да негуваме добри мисли, да правиме добри дела, не само денеска туку секој ден во годината.
Нека е честит и благословен големиот празник Христово раѓање – Божиќ, нека донесе спокој и радост во вашите домови и вашите срца“ се наведува во честитката на претседателот на СДСМ, Ковачевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите