-->
-->
Претседателот Иванов во посета на џамијата „Јени Џамиси“ во Радовиш
-->

По повод големиот муслимански празник Рамазан – Бајрам, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ја посети џамијата „Јени Џамиси“ во Радовиш, каде на верниците муслимани им го честиташе празникот и завршувањето на рамазанските пости.
- Ви посакувам многу радост, многу среќа и многу успех во животот. И во духот на нашата традиција, да продолжиме да се почитуваме меѓусебе и да си помагаме. Да не го правиме тоа само за време на празниците, туку во текот на целата година“, рече претседателот Иванов.
По повод Рамазан – Бајрам, соопшти денеска кабинетот на Иванов, македонскиот претседател традиционално присуствува и на ифтарските вечери, од каде испраќа пораки дека меѓуверското и меѓурелигиското почитување е наша заедничка цел која единствено може да донесе просперитетна иднина и благосостојба за сите граѓани на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
