Претседателот Иванов се уште не доставил барање за буџет на неговиот иден кабинет

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов се уште не доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за буџетот што му следува по завршувањето на мандатот на 12. месецов, а којшто изнесува осум проценти од годишниот Буџет на институцијата Претседател на државата.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска соопшти дека до владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) досега е доставено барање за информација колкав е буџетот којшто му следува на Кабинетот на претседателот по завршување на мандатот и во рамки на тој буџет кои се спецификите за формирање на кабинет на поранешен претседател.
– СОЗР има одговорено повратно на информацијата дека тој Буџет е во висина од осум проценти од годишнбиот Буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и оти во рамки на тој буџет Кабинетот на претседателот треба да поднесе барање до СОЗР за деловни простории итн. До вчера вакво барање не е поднесено. Тоа што се има случено е комуникација помеѓу Кабинетот и Службата за општи и заеднички работи, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за одлуките од редовната владина седница.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
