Претседателот Иванов ги прими акредитивите од новоименуван амбасадор на Малезија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма од Мохамед Садик Кетергани, новоименуван амбасадор на Кралството Малезија за Република Македонија, со седиште во Будимпешта.
Посакувајќи му добредојде на амбасадорот Кетергани во Република Македонија, претседателот Иванов рече дека меѓу двете земји постои голем потенцијал за развој и унапредување на меѓусебните односи.
- Вашето именување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Малезија во Република Македонија претставува уште една потврда на успешните и пријателски односи меѓу двете држави. Дозволете ми, во тој контекст, да нагласам дека Република Македонија придава посебно внимание на развојот и унапредувањето на севкупните односи со пријателска Малезија, на билатерален и на мултилатерален план. Секако, посебен акцент во идниот период треба да се стави на економската соработка, рече претседателот Иванов.
Амбасадорот Кетергани истакна дека Малезија придава големо значење на билатералните односи со Република Македонија, оценувајќи ги како срдечни. Тој се осврна и на соработката на мултилатерален, културен и на економски план.
- Трговската размена меѓу двете земји е охрабрувачка. Но, многу повеќе може да се направи за натамошно подобрување на билатералните економски и трговски врски, во заеднички интерес на двете земји. Во насока на ова, ги охрабруваме бизнисмените од двете земји да го испитаат потенцијалот што постои во двете земји, рече амбасадорот Кетергани.
Претседателот Иванов на амбсадорот Кетергани му посака успешно вршење на оваа високо ценета и одговорна функција.
Ново на Сител
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
-

ДУИ: Државата итно да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните
-

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен, ќе се следат цените на прехрамбените производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски очекува реакција од ЕУ за забраната на Менкиновски за влез во Бугарија
-

Со искуства од регионот ќе се јакне јавната служба
-

Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: Потребни се конкретни, но системски промени
-

Општините од Југоистокот со заеднички проект за почист воздух
