Претседателката на Врховен суд апелира да се надмине состојбата во Судскиот совет
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми апелира да се надмине состојбата во Судскиот совет во интерес на граѓаните и на државата.
- Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, како што се Извештајот на Европската комисија и Извештајот на Стејт департментот. Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба, вели Адеми.
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева беше разрешена во средата на предлог на заменикот Селим Адеми. За нејзиното разрешување гласаа седум члена на Советот. Според невладините организации и експертите, разрешувањето на Дамева е незаконско и спрот6ивно на процедурите и Деловникот. Вчера беше закажана седница на која требаше да се избере нов претседател на Советот, но заменик претседателот Адеми ја одложи седеницата за 2 мај поради присуство на сите 13 члена.
Ново на Сител
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион