Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Полициски службеници вчера лишиле од слобода две лица од Неготино и Кавадарци, откако при извршен престрес кај нив била пронајдена дрога.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во првиот случај вчера во 17:20 часот полициските службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.И.(24) од Неготино.
-По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја, велат од Министерството.
Во вториот случај, како што наведуваат од МВР, вчера во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци.
-По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја, соопштуваат од МВР.
Како што посочуваат, двете лица се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
