Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска околу 13:30 часот на подрачје на скопската населба Автокоманда го лишија од слобода Д.Т. од Скопје.
- Со употреба на службено куче од Единицата за службени кучиња во две подрумски простории во зграда во Автокоманда што ги користел Д.Т. била детектирана дрога. Пронајдени се пет пакувања марихуана со вкупна количина од околу еден килограм и една тегла во која имало околу 100 грама амфетамин, како и дигитална вага и опрема за изготвување мали паковки за улична продажба, информираат од МВР.
По документирање на случајот, до налдежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
