Македонија
18. March 2023 - 13:00

Претрес во Ресен, пронајдена дрога, приведено едно лице

Уапсено лице од Ресен во чиј дом била пронајдена марихуана.

МВР информира дека вчера, во 14.10 часот, од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода  ресенчанецот Н.Ќ.(27). 

-При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, соопштуваат од МВР.

Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.