Претрес во Кочани, пронајдени хероин и украдени предмети, приведени четири лица
Четири лица од Кочани, меѓу кои и двајца малолетници, денеска биле притворени поради користење и продажба на хероин и украдени предмети.
-Денеска, по преземени мерки и активности, полициски службеници од кочанското ОВР ги лишиле од слобода С.М.(32), С.А.(22) и двајца малолетници, сите од Кочани. Имено, околу 01.30 часот двајцата малолетници биле затекнати во домот на С.М. и тројцата заедно користеле хероин. Притоа, кај едниот малолетник биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи, кои ги сторил на подрачјето на Кочани, додека кај другиот малолетник бил пронајден хероин, кој го купил претходниот ден од С.А., известуваат од полицијата.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. и во близина на оградата во дворот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања хероин подготвен за продажба. -Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
