Македонија
27. October 2022 - 16:22

Претрес во битолско, пронајдено оружје, приведено едно лице

Денеска (27.10.2022), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Мусинци, битолско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и околу 250 куршуми од различен калибар. 

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.