Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 28 до 35 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 32 степена.
За време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјата. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-иот степен.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам