Пресврт во истрага: Горан ја убил сопругата Јасмина, лажел дека им влегле разбојници
Горан Р. (52) уапсен е синоќа под сомнение дека рано утрото ја усмртил својата сопруга Јасмина Ж. (48) во нивниот семеен дом во нишкото село Медошевац.
На осомничениот за тешко убиство по налог на обвинителството му е одредено полициско задржување од 48 часа.
Несреќната жена е пронајдена мртва во креветот со поголем број повреди нанесени од метална шипка. Нејзиниот маж тврдел дека исто така е повреден и дека непознато лице го нападнало од зад грб. Меѓутоа со прегледот во нишкиот Клинички центар утврдено е дека се здобил со полесни повреди. Иако е утврдено дека во куќата се било растурено, се сомнева дека разбојништвото е фингирано.
На Горан паднал сомнежот дека е извршител на страотното злосторство поради трагите пронајдени на самото место како и поради изјавите на сведоците дека бил насилен кон жената.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори