Престрелка во Тетово - Полицијата застрела осомничен за убиство

Во престрелка во тетовското село Гајре, осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полиција.
Како што објави Телма, при обидот полицијата да го уапси осомничениот, тој пукал, а во престрелката бил ранет. Застреланиот починал на пат кон болница.
Се работи за лице за кое е распишана потерница по убиството на 5-ти јули, кога во Тетово беше убиен 40-годишен маж. Полицијата се сомневала дека зад убиството стои бегалецот кој беше застрелан кај Гајре.
Според МВР, на 5-ти јули во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“, во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.
Повеќе медиуми на албански јазик тогаш објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека убиството на 5-ти јули е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци, кога исто така имаше настрадани.
Ново на Сител
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
