Престрелка во Скопје, едно лице застрелано

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.
„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.
На пукањето, неофицијално, му претходела бркотница низ Скопје, а две од возилата се „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано.
Од МВР со детали:
„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
