Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК)
- До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности.
Според податоците на ДИК, општини со најголема излезеност се Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15, 27, Дебрца 15,76, Демир Капија, 15, Кратово 16,16, Крива Паланка 16, 85, Крушево 16,97, Новаци 19, 3 Пробиштип, 17,64, Ранковци, 15,5, Чашка 22,60 проценти.
Со најмала излезеност се општините Сопиште 3,93 проценти, Центар Жупа, 4,89 проценти, Боговиње, 4,48 проценти и Врапчиште, 2,54 проценти.
Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и14 странски новинари.
Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.
На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.
Државната изборна комисија ќе има прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.
На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
