Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуана

Вчеравечер полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи го лишиле од слобода А.К.К.(48), од Република Бугарија, поради сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Имено, во периодот од 20.00 до 23.00 часот на Граничен премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со припадници од Царинската управа, при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин А.К.К., била пронајдени 102 пакувања наркотичната дрога марихуана, скриени во специјално направен бункер во горниот дел од кабината на возилото, односно околу 100 килограми дрога.

Пронајдената дрога од страна на мобилен тим и Царинската управа се предадени на СВР Струмица за понатамошната постапка, а лицето е приведено во полициска станица и во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Струмица, по член 215 од Кривичниот законик.
Со ова е спречен уште еден обид за меѓународен транспорт на дрога, а последната акција на нашата полиција е уште доказ повеќе дека безкомпромисната борба против криминалот продолжува.
Ново на Сител
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
