Препораки од АХВ за сточарите во случај на екстремно ниски температури

Домашните животни да се чуваат затворени во шталите, да им се обезбеди соодветно засолниште, доволно храна и вода. Да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова. Ова се само дел од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по најавите дека Македонија деновиве ќе ја зафати поларен бран, проследен со драстично намалување на температурите, силен ветер и обилни врежи снег.
Според АХВ, доколку не постои можност животните веднаш да се засолнат, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид прекривки но, треба да се внимава во секое време да бидат суви. Животните не можат и не треба своите потреби за вода да ги задоволуваат преку лижење мраз или снег поради што е неопходно да се обезбеди свежа вода за пиење, на соодветна температура. За таа цел е препорачливо одгледувачите навреме да подготват корита и кофи.
- Одгледувачите на животни за зимските месеци треба навреме да обезбедат вода и храна во количини доволни за задоволување на потребите најмалку две недели, храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето, на животните не треба да им се дава смрзната храна, а добро е да се зголеми вообичаената дневна дажба, особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат својата телесна температура, наведува Агенцијата.
Треба да се следи и здравствената состојба на животните, тие почесто од вообичаено да се посетуваат и набљудуваат, а животните кои даваат млеко да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали.
- Одгледувачите на животни да бидат во комуникација со локалниот ветеринар за дополнителен совет или доколку е потребно и за интервенции, кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта редовно да се чистат од снегот или мразот, порачува АХВ.
Агенцијата напоменува дека помалите, младите категории и болните или повредени животни се категории на кои треба да се посвети посебно внимание.
- Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури но, при појава на екстремен студ проследен со силен ветер, интензивни врнежи и наноси на снег, препораките треба да се земат предвид, подвлекува АХВ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
