Премиерот Заев во посета на битолскиот регион
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ќе го посети битолскиот регион.
Тој во битолското село Кравари ќе се обрати на настанот по повод доделувањето на првите персонализирани картички за покривање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На настанот ќе присуствуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Потоа, во просториите на Општина Битола, премиерот Заев ќе додели решенија за капитални проекти, на општините од пелагонискиот регион кои аплицирале во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Како што е најавено, Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески меѓу битолските села Драгожани и Лисолај ќе извршат теренски увид на градежните активности од рехабилитацијата на регионалниот пат Битола-Демир Хисар.
Ново на Сител
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб