Премиерот Заев утре ќе учествува на самит на ЦЕИ во Рим

Премиерот Зоран Заев утре во Рим ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), како претседавач на иницијатива која оваа година одбележува 30 години од формирањето.
-Претседателот на Владата на самитот ќе учествува на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Се очекува лидерите на земјите членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата, соопшти владината прес-служба.
Во Централноевропската иницијатива се опфатени 17 европски земји: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.
Од 1 јануари 2020 година претседателството на ЦЕИ ќе го преземе Црна Гора.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
