Премиерот Заев се сретна со претставници на Џенерал Електрикс
Претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска остварија средба со генералниот директор на Џенерал Електрикс за Југоисточна Европа, Гаетано Масара на која заеднички е констатирано дека е подобрена бизнис климата во државата.
Од страна на претставниците на Џенерал Електрикс изразено е очекување за зголемена идна соработка со Владата и посочено е дека постои голем интерес за инвестиции во енергетиката. Изразени се и позитивни очекувања во однос на иницијативата за нов закон за енергетика, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Премиерот Заев, како што се наведува, истакнал дека Владата интензивно работи на воспоставување стабилна бизнис инвестициона клима којашто ќе ја гарантира сигурноста и стабилноста на странските инвестиции. Премиерот ги посочил како многу важни капиталните инвестиции што државата планира да ги спроведе во енергетскиот сектор со цел да се намали енергетската зависност на државата преку зголемување на домашното производство на електрична енергија за што ќе се искористат сите домашни потенцијали.
На средбата е посочено дека соработката во иднина ќе се интензивира и оти во земјата се чувствуваат услови и подобрена бизнис клима како важен предуслов за ваков тип на соработка.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски