Премиерот на покраината Саксонија бара укинување на санкциите за Русија
Економските санции за Русија треба веднаш да бидат укинати, побара премиерот на германската покраина Саксонија, кој што е член на владејачката Христијанско Демократска унија на канцеларката Ангела Меркел, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во изјава за весникот „Велт“ саксонскиот премиер Станислав Тилич вели дека Германија и Русија се долгогодишни трговски партнери и дека политичките разлики треба да се надминат преку преговори.
„Нашата цел мора да биде да се стави крај на санциите против Русија што е можно побрзо“ вели Тилич кој е премиер на покраината Саксонија од 2008 година а од лани е пратеник во Бундесратот (Горен дом на германскиот парламент).
Гласови против санциите кон Русија можат да се најдат и кај германските социјалдемократи. Министерот за економија на покраината Северна Рајна Вестфалија од редовите на СПД Гарелт Дуин за весникот Велт ам Зонтаг изјави дека политиката „око за око“ не е надворешно политичка стратегија барајќи притоа постепено намалување на снациите кои што според него треба да запрат.
Русија е важен економски партнер на Германија и на ЕУ и таквиот статус треба да го задржи уште долго време вели Тилич кој се надева дека дијалогот со Русија ќе биде продолжен за да се разјаснат спорните прашања.
Економските санции кон Русија од страна на ЕУ и САД беа воведени во пролетта 2014 година по припојувањето на полуостровот Крим на Русија. На санкциите од САД и ЕУ Русија одговори со контрасанкции за земјите кои што се приклучија на блокадата од западот. Санкциите досега предизвикаа десетици милијарди евра штета на двете страни.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор