Премиерот Груевски на терен во Тетово

Премиерот Никола Груевски вечерва итно отпатува во Тетово, откако градот беше зафатен од силно невреме. Тој ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Направи увид директно од терен, поразговара со надлежните и граѓаните, по што замина во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица од поплавите.
- Само што ја примив информацијата за невремето и големите поплави што го зафатија Тетово и Тетовско разговарав со десетина луѓе од различни институции за што побзо да им се помогне на луѓето од погодените места. Веднаш потоа, заедно со вицепремиерот Пешевски, министерот за одбрана Јолевски и министерот за внатрешни работи Чавков се упативме на местата погодени од поплавите. Бевме во Голема Речица и таму состојбата е навистина лоша. Од разговорите со жителите ми беше кажано дека дошло до излевање на реката од надојдените води. Има и информации за жртви и сакам да им упатам сочувство до семејствата на настраданите, изјави премиерот Груевски.
Според последните информации, како што рече, состојбата е најлоша во Шипковица, но првите екипи веќе влегле таму. - Ние ќе одиме да видиме каква е состојбата. Ја посетивме и тетовската болница каде од директорот бевме информирани дека тука биле донесени две починати лица, како и девет повредени, од кои едно е испратено во Скопје поради тежината на повредите и едно е задржано за лекување тука. Жалам што се случи ова, но максимално се ангажирани сите инстутуции и на централно и на локално ниво да им се помогне на луѓето во погодените места, истакна премиерот Груевски.
Во Тетово премиерот Груевски беше придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за одбрана и МВР Зоран Јолевски и Митко Чавков, како и државниот секретар за транспорт и врски Божидар Петроски, кој повика компании од Скопје со кои Владата има склучено договор за вакви ситуации.
Исто така, доаѓаат на испомoш и оние фирми кои Владата ги има ангажирано за овој регион.
За утре е закажана и владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се разгледаат состојбите и ќе се утврдуваат натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
