Македонија
10. јуни 2016 - 10:30

Премиерот Димитриев во посета на Македонска Каменица

Премиерот  Емил Димитриев денеска ќе престојува во Општина Македонска Каменица.

За време на посетата, тој ќе оствари средба со менаџерскиот тим на рудникот Саса и ќе присуствува на свеченоста по повод 10 години од рестартирањето на рудникот.

Димитриев во Македонска Каменица ќе присуствува и на пуштање во употреба новоизградена улица во централното градско подрачје.