Премиерката на Финска во центарот на скандал поради објавени видеа од забава | ВИДЕО
Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром.
На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми.
Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно.
„Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер.
На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико.
„Танцував, пеев, славев, правев легални работи“, рече премиерката и додаде дека не пиела многу.
Таа ја коментираше и објавената снимка.
„Верував дека бидејќи видеата се приватни нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени“, изјави Марин.
Снимката наиде на различни реакции на интернет, при што некои критичари ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други гледаат потенцијален поттик за популарноста на 36-годишниот премиер.
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра