-->
-->
Премиерите од Западен Балкан идната среда на средба со Могерини во Брисел
-->
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, ги покани премиерите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и шефот на македонската Влада, идната недела на неформална вечера во Брисел, јави дописнијот на МИА од Стразбур.
Оваа средба, на која зависно дали дотогаш ќе биде избрана новата македонска влада, ќе присуствуваат или Зоран Заев или Емил Димитриев, ќе се одржи на 24 мај (среда).
Според портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, разговорите на неформалната вечера ќе бидат за ситуацијата во регионот во врска со последните случувања и да се погледне како сите заедно може да се движат напред.
- Оваа вечера, исто така, ќе биде продолжение на посетата високата претставничка Могерини на регионот во март, оваа година, изјави портпаролката Коцијанчич за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба