Премиери на Балетот и Операта на 18-ти и 31 октомври

Првата премиера на Балетот во сезоната 2017/2018 ќе биде на 18 октомври, а на Операта на 31 октомври.
Балетот ќе изведе балетски триптих во кој првите два дела („Агонија на срцето“ и „Софа“) се во кореографија на Ицик Галили од Израел, на музика од Том Ватс и Филип Глас, а третата претстава е обнова на „Песна над песните“ во кореографија на Сташа Зуровац од Хрватска, на музика на Маријан Нечак.
Првата премиера на Операта на МОБ во новата концертна сезона ќе биде „Кавелерија Рустикана“ на Пиетро Маскањи на 31 октомври, а претходно таа вечер ќе има гала оперски концерт.
Новата сезона на Операта ќе почне утревечер со изведба на „Тоска“ од Џакомо Пучини во режија на Огњан Драганов од Бугарија, под диригентство на Бисера Чадловска.
Во насловниот лик ќе настапи сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова, а во останатите улоги: Зоран Сотиров (Каварадоси), Марјан Јованоски (Скарпија), Ернес Ибраимовски (Анџелоти), Драган Ампов (Клисар), Никола Стојчески (Сполета), Диме Петров (Шароне),Димитар Кожухаров (Клучар) и Александра Лазаревска-Василев (Овчарче). Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ. Сценограф е Зоран Николовски, костимографијата е на Марија Пупучевска.
Операта „Тоска“ е напишана по либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоза и се базира на истоимената драма од Викториен Сарду. Светската премиера на операта била на 14 јануари 1900 година во Рим.
Во првото полугодие од 2017 година Македонската опера и балет ја посетиле повеќе од 25.000 гледачи на 76 претстави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
