-->
-->
Премиерата на новиот филм на Ди Каприо најавена за јануари 2016
-->
Актерот Леонардо ди Каприо најверојатно повторно ќе биде во конкуренција за освојување Оскар во 2016 година, бидејќи неговиот нов филм „The Revenant“ ќе се појави во кината во јануари следната година.
Режисерот на филмот Алехандро Гонсалес Ињарту со претходниот филм „Човек птица“ освои четири Оскари, а Ди Каприо за најдобар актер беше номиниран трипати и тоа за „Авијатичар“ во 2004 година, за „Крвави дијаманти“ во 2006 и за „Волкот од Волстрит“ во 2014 година.
Филмот „The Revenant“ е инспириран од вистински настан и е епска приказна за човековиот инстикт за преживување. Приказната е по романот на Мајкл Пунке за Хју Глас, кој го толкува Ди Каприо, човек нападнат од мечка во дивина и оставен на милост и немилост на природата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции