-->
-->
Премиера на Патувачкиот театар од Вевчани „Поклони се и падни“
-->

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“, кој работи во КУД „Дримкол" од Вевчани, вечер од 18 часот во Домот на културата во Вевчани премиерно ќе ја изведе мултимедијалната претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Претставата е наменета за деца и младинци и е спој на видеоанимации, звук и актерска игра на Душко Кукоски кој го толкува ликот на писателот Виктор Иго и ја води публиката низ приказната.
- Претставата праќа моќна, едукативна порака за вечната борба помеѓу доброто и злото, со надеж дека доброто секогаш ќе надвладее, соопшти КУД „Дримкол“, кое оваа година одбележа 70 години организиран фолклор во Вевчани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, правиме се да се овозможи простор за што повеќе работа
-

Газда на маркет малтретирал деца откако ги фатил како крадат чоколадно млеко во Охрид
-

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни
