Премиера на Independence Day Resurgence, аниматорите од ФХ3Х креираа модели

Второтo продолжение на филмот Independence Day насловено како Resurgence, на кој работеа аниматорите од ФХ3Х во соработка со Uncharted Territory во креирање на моделите на транспортните средства, вечер премиерно ќе почне да се прикажува во Скопје.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик на македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х и извршен продуцент на проектот, изјави дека на овој проект работеле во периодот од декември 2015 до март 2016 година.
- Се работеа модели на куќи, танкер и авион. На проектот работеа 13 артисти од одделот за анимација. Ако филмот Independence Day во 1996 година освои Оскар за визуелни ефекти, со нетрпение чекам да го изгледам она што следи. Нема да згрешам ако кажам дека во нашата индустрија ваквите ситуации кога треба да се надмине врвот се најинтересните за следење. И не мислам дека само за нашата индустрија е интересно. Првиот дел беше филм со најголема заработувачка во 1996 година и во тој момент втор во целиот свет. Сега на пример е на 51-вото место и интересно е колкава е мотивацијата за целиот тим кој работеше на вториот дел, изјави Даниловски.
Дваесет години по настаните откако Земјата се соочи со напад на вонземјани и по борбата со супериорна технологија го онеспособи нападот, меѓународната заедница се вратила во нормала. Обединетите Нации го создаваат Earth Space Defence (ЕСД), оддел за Планетарна Вселенска Одбрана, програма за обединета глобална одбрана која служи да ја заштити планетата Земја. Тоа е систем за навремено детектирање и предупредување чија главна сила е во користењето на технологијата која останала од вонземјаните и кој има воени единици распоредени на Месечината, Марс и Реа, додека поранешната Област 51 е пренаменета во централа на вселенската одбрана.
Вонземјаните успеале да испратат сигнал за помош на нивните оддалечени дивизии пред финалниот пораз, но откриваме дека дел од нив се кријат низ светот. По примениот сигнал за помош, вонземјаните испраќаат моќна флота, загрозувајќи го уште еднаш опстојувањето на луѓето.
Филмот премиерно ќе биде прикажан вечер во киното Синеплекс во 20 часот.
Ново на Сител
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
