Премиера на „Доктор Фауст“ во Битолскиот народен театар
Ансамблот на Битолскиот народен театар вечер на матичната сцена ќе ја изведе деветтата воедно и последната премиера годинава. Станува збор за претставата „Дотор Фауст“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андраш Урбан, а ќе може да ја гледа публика на возраст над 16 години.
Во претставата настапуваат 12 актери, Борче Ѓаковски, Викторија Степановска Јанкуловска, Елена Моше, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Маја Андоновска Илиевска, Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Соња Ошавкова и Соња Михајлова.
- Претставата е многу возбудлива со многу енергија и со естетска магичност. Во претставата користам специфична сценографија со цел да прикажам еден дел од животот на д-р Фауст или едно друго размислување за неговиот живот. Претставата не е политички мотивирана и се занимава со човекот на овие простори и со неговите расудувања за различни теми, рече режисерот Урбан, познат на публиката и по претставата „Хамлет машина“, која исто така ја режираше во Битола.
Сценографијата за претставата ја изработи Валентин Светозарев, костимите се на Благој Мицевски, а драматург е Билјана Крајчевска.
- Со изведбата на премиерата на „Доктор Фауст“ завршува уште една успешна сезона со настапи во државата од каде во витрините на битолскиот театар пристигнаа вредни награди и признанија, како и настапи во странство од кои освен импресии има и богата фото архива, посочи директорот Светозарев во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда