-->
-->
Премиер лига: Тотенхем славеше на гостувањето кај Саутемптон
-->
Екипата на Тотенхем оствари победа на гостувањето кај Саутемптон од 4:1 на последниот натпревар од 18.коло од Премиер лигата. Тотенхем остана на 5.место на табелата, но сега има 36 бодови или три повеќе од Манчестер Јунајтед и само еден помалку од четвртиот Арсенал.
Натпреварот не почна како што посакуваа гостите бидејќи Вирџил Ван Дајк во 2.минута донесе водство за Саутемптон. Но, Тотенхем преку Деле Али изедначи во 19.минута. Хари Кејн во 52.минута донесе водство од 2:1, а шест минути подоцна промаши пенал. Сепак неговите соиграчи постигнаа уште два гола Сон во 85.минута и Али во 87.минута.
Саутемптон со овој пораз остана на 24 бодови и падна на 8.место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
