-->
-->
Премиер лига: Сити продолжува со победи
-->
Фудбалерите на Манчестер Сити го запоседнаа врвот во Премиер лигата откако во 3. коло го совладаа Вест Хем со 3-1.
Стерлинг и Фернандињо го донесоа домашниот тим до водство од 2-0 уште во 18 . минута.
Гостите намалија преку Антонио на 2-1 и до крајот атакуваа за израмнување. Отворената игра ја казни Стерлинг во 92м со втор погодок и конечни 3-1.
-->
-->
-->