Фудбал
30. October 2016 - 9:02

Премиер лига: Ливерпул во чекор со М. Сити и Арсенал на врвот

Фудбалерите на Ливерпул постигнаа победа од 4:2 на гостувањето кај Кристал Палас во Лондон и со тоа останаа на врвот на табелата од Премеир лигата заедно со Манчестер Сити и Арсенал.

Ливерпул на гостувањето кај К.Палас имаше комплетна контрола над резултатот, иако домаќинот двапати изедначуваше. Ливерпул поведе со голот на Емре Џан, а изедначи Џејмс Мек Артур. Ново водство од 2:1 за Ливерпул донесе Дејан Ловрен, а Мек Артур повторно го изедначи резултатот. Во финишот на првиот дел Ливерпул подеве со голот на Жоел Матип. Конечните 4:2 ги постави Роберто Фирмино.
 
Денеска се играат два дуела од 10.коло: Евертон - Вест Хем и Саутемптон - Челзи. Последниот натпревар од коло го играат Стоук и Свонси во понеделник.